Кратка приказна: Како настанало Скопје?

Во својата книга „Приказната за големата камена глава, јунакот и копјето што пее“, Ферид Мухиќ раскажува за тоа како настанало Скопје, приказни што ги чул при неговото истражување. Правата легенда за Скопје ја слушнал од еден овчар што го сретнал на планината Водно, кој му раскажал дека на местото каде што се наоѓа денес градот, првобитно постоел еден голем камен што имал седум отвори или патишта од каде што доаѓале луѓе од сите страни. Легендата понатаму вели дека постоел волшебник, кој им помагал на луѓето. Но кога големиот камен го освоил лош волшебник и ги затворил луѓето внатре во каменот, се појавил митски јунак што ги отворил седумте патишта на каменот и ги ослободил луѓето затворени внатре. Тоа е една од приказните според која настанал градот Скопје. Според втората легенда, која Мухиќ ја слушнал во селото Шишево, јунакот на градот имал копје што пее и оттаму дошло и името Скопје.

- Јас ги споив овие две легенди во една приказна, за која се надевам дека ќе стане заштитен знак на градот - раскажува Мухиќ.