Кратка поучна приказна: Како да препознаете вистински важен човек?

Во комуникацијата е најважно да се чуе баш она што не е искажано со зборови...

Жан излегол со својот дедо за да се прошетаат низ Париз. На едно место, слушнале како некој муштерија му вика на еден чевлар, му велел дека нешто не е во ред со неговите чевли. Чевларот мирно ги слушал забелешките, се извинил и му ветил на човекот дека ќе ја поправи грешката.

Потоа, Жан и неговиот дедо седнале да се напијат кафе. 

Наспроти нив, седел некој човек. Келнерот му пришол на човекот и го замолил да се помести малку за да може да пројде. Човекот бурно изреагирал и одбил да се помести.

Дедото му рекол на Жал: „Никогаш не го заборавај ова што го виде денес. Оној чевлар ја прифати жалбата на купецот, а овој човек покрај нас не сакаше ни да се помести. Луѓето кои вршат корисни задачи немаат проблем да чујат критики на сметка на својата работа, но луѓето кои не прават ништо корисно секогаш мислат дека се многу важни и ја кријат својата неспособност зад некаков измислен авторитет.“