Кратка индиска приказна која може да ви го промени животот: Сите луѓе кои ви доаѓаат во животот, всушност сами ги привлекувате

Индиска приказна за кучето во соба полна со огледала може да ви ја промени перспективата и да направи да се измени вашето опкружување – дознајте што треба да направите.

Какви луѓе ве опкружуваат? Дали се тоа тмурни и намрштени лица, луѓе кои не сакаат да ве сослушаат, не ве разбираат, или се луѓе кои се полни со љубов и со разбирање?

Секој човек во вашиот живот се појавува со причина, а според една стара инсиска приказна, вие сами привлекувате одредени луѓе во животот.

Едно куче било заклучено во просторија во која сите ѕидови биле од огледала. Така кучето видело многу кучиња. Тоа толку го налутило што заржало и ги покажало забите. И другите кучиња го напавиле истото: сите ги покажале забите.

Кучето се уплашило и почнало бесно да трча по собата. И останатите кучиња почнале да трчат по што кучето уште повеќе се збунило. Трчало толку долго што на крај се струполило мртво уморно. Кутрото куче!

Барем само еднаш смирено да мафнеше со опашката и љубезно да погледнеше во огледалото, одразот во огледалата ќе го направеше истото.

Заклучокот од оваа приказна е дека сите луѓе во нашиот живот всушност се само одраз на нашата внатрешна состојба. Кога другите ни изгледаат непристојни, крути, лути, подарете им насмевка и малку љубезност и гледајте како вашата реакција ќе направи промена кај вас, но и како околината ќе почне да се менува.

Насмевката и лутината можат да бидат заразни. Ако зависи од вас, вие сепак одберете да ширите насмевки и радост. Промената секогаш започнува од поединецот. Денес нека започне од вас!