Вчера во општина карпош беа реализирани завршните работи поврзани со асфалтирање на крак од улицата „Теодосиј Синаитски“ во населбата Жданец.
- Станува збор за финализирање на првата фаза на овој коловоз во должина од 400 метри и просечна широчина од 5,5 метри. По целата должина на улицата се поставени и нови рабници а за реализација на овој зафат, општина Карпош издвои од својот буџет парични средства во висина од 5.500.000 денари. Изведувач на комуналните работи е фирмата „Филип инженеринг“, информираа од локалната самоуправа на Карпош.
Инаку во овој реон е целосно реконструирана и улицата „Козле 3“, а откако ќе биде реализирана и втората фаза од улицата „Теодосиј Синаитски“, се преминува кон реконструкција на двата коловозни крака кои водат кон резервоарите за вода во населбара Жданец. Тоа значи дека овој реон ќе биде целосно уреден во поглед на инфраструктура, фекална канализација, како и ново штедливо лед-осветлување. Локалната самоуправа ја реализира оваа иницијатива со оглед на тоа што во оваа населба според урбанистичкиот план треба да се градат околу 150 нови куќи. Тоа значи дека Општина Карпош предвреме ја прави инфраструктурата за да може да постави стандарди за квалитетно живеење на сите граѓани коишто ќе живеат во овој дел на општината, појаснуваат од општината.