Крајно време е државата да изгради станови и да ги продаде на младите по реални цени, предлага твитерџија

Цените на становите во Скопје, како и во поголемите градови низ земјава, постојано растат. Граѓаните со проблем како да дојдат до решение на станбеното прашање! 

Еден „твитерџија“ со предлог за евенуално решение: 

- Крајно време е власта (односно самата држава) да изгради низ Македонија (пред се во Скопје, Битола, Штип...) најмалку 700 - 800 станови за млади лица и да ги продаде по реални цени. Така ќе се срушат сегашните пренадувани цени на становите. Така ќе се мисли на младината.