Крајна фаза од реконструкцијата на улица Радушка во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на неговиот Фејсбук профил информираше дека во завршна фаза е проектот за реконструкција на ул. "Радушка" во должина од  метри во вредност од 25 милиони денари средства од општина Ѓорче Петров.

„Поставено е ново асфалтно-бетонско покритие на 1.110 метри од улицата. Изградена е фекална и атмосферска канализација, што значително ја подобрува инфраструктурата. Направен е нов тротоар на една страна од улицата, за поголема безбедност на пешаците. Таму каде што недостасуваше осветлување, поставени се нови улични светилки кои ја зголемуваат безбедноста во вечерните часови.  Овој голем проект на една од најстарите улици во Ѓорче Петров има за цел да ја унапреди безбедноста на сите корисници на улицата. Во оваа фаза од проектот вложени се значајни средства од Општина Ѓорче Петров, и покрај сите предизвици, резултатите се очигледни – добиваме една поинаква, модерна и безбедна улица за сите нас“, напиша Стојкоски.

Тој посочи дека со овие 1110 метри целосно ќе се финализира реконструкцијата на улицата, и ова е само дел од напорите за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во градот.