
Од денеска започнува целосната примена на системот „Безбеден град“, при што повеќе нема да се изрекуваат опомени, туку сите регистрирани сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со парични казни. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Дневникот на Македонската телевизија.
Министерот информираше дека од вчера е во сила нов Правилник, со кој се зголемува прагот на толеранција за возачите, по бројните реакции од јавноста во почетната фаза на имплементација на системот.
Според новите правила, доколку ограничувањето на брзината е 30 километри на час, камерата ќе регистрира прекршок при брзина од 37 км/ч. Кај ограничување од 50 км/ч, санкција ќе следи при возење од 60 км/ч, додека при дозволени 100 км/ч, казна ќе се изрекува од 113 км/ч.
Тошковски најави и дополнителен проект кој ќе се реализира во наредните денови со поддршка на Македонски телеком. За прекршоците направени во рамки на толеранцијата, граѓаните ќе добиваат информативни СМС-пораки, без парична казна, со цел навремено да бидат предупредени дека ја надминале дозволената брзина.
„Иако во тие случаи нема казна, доколку некој со таква брзина предизвика сообраќајна незгода со тешки последици, ќе одговара кривично“, предупреди министерот.
Тој нагласи дека целта на системот „Безбеден град“ не е полнење на буџетот, туку намалување на бројот на сообраќајни незгоди, повредени лица и загубени човечки животи.
Според новиот правилник, толеранцијата по брзински категории е следна:
– до 50 км/ч: толеранција од 6 км/ч
– од 50 до 100 км/ч: толеранција од 9 км/ч
– над 100 км/ч: толеранција од 12 км/ч
Надлежните апелираат возачите строго да ги почитуваат сообраќајните правила, бидејќи од денес системот функционира во полн капаците