Крадец украл накит од малолетничка во центарот на Скопје

Полициски службеници од СВР Скопје на 13 ноември лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 11.11.2021 во автобус на подрачјето на Центар одзел личен накит од малолетничка од Скопје, соопштија од МВР.

– Тој бил приведен во полициска станица и во разговор со полициски службеници го признал делото и го појаснил начинот на извршување.  Пронајдените предмети биле вратени на сопственичката. За настанот бил известен Јавен обвинител за малолетници и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додават од МВР.