Крадец фатен на дело при кражба од куќа

Денеска во 02.50 часот на ул.„Борка Талевски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода М.З.(30) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да изврши кривично „тешка кражба“ во помошен објект од куќа сопственост Б.Ј.(42) од Скопје, информираа од МВР. 
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.