Денес околу 00.05 часот во Штип, полицијата го уапсила 37-годишниот А.П. од Штип. Како што инфомираат од МВР тој бил затекнат при обид да изврши кражба во куќата на 58-годишниот В.Д. Дрскиот крадец го нападнал М.К. роднина на сопственикот, со тврд предмет му го оштетил возилото и неколку прозорци на куќата.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.