Крадците не мируваат - видеа и фотографии од безбедносни камери ги преплавија социјалните мрежи

Кардците не мируваат. Видеа и фотографии од безбедносни камери ги преплавија социјалните мрежи. Разбојниците немаат ниту страв, па се осудуваат да посегнат по вредните предмети среде бел ден и во преполниот градски парк. Токму такви разбојници уловија бебзедносните камери на градскиот стадион.

Се краде и по влезови на згради, а крадците не се двоумот кога ќе начекаат вреден предмет.

Пред неколку дена во јавност беше објавено и видео од камерите на маркет во Карпош, на кое се гледа таксист кој краде пакет пиво.

-Најчеста мета се возилата. Односно, најмногу се краде од возилата, она што ќе го најдат. Потоа, тука се станбените објекти, без разлика дали станови или куќи. Потоа деловните објекти, тука спаѓаат канцеларии и фабрики. Црквите да не ги заборавиме, често се мета на крадците. Викендичките со многу мал процент од 9 отсто и продажните објекти од типот на маркети со 7 проценти, вели портпаролката на МВР, Сузана Прањиќ за Сител.

За само три месеци, полицијата регистрирала речиси 1.500 тешки кражби, од кои половина во Скопје.

Последните статистички податоци на МВР покажуваат дека на целата територија на Македонија се случиле 1.453 тешки кражби, 482 кражби, а украдени се 56 возила.

Она што е интересно е дека најчесто се краде во урбаните средини, а само 18 отсто од кражбите се случиле во руралните.

Се случиле и 31 разбојништво, најголемиот дел во Скопје. Разбојниците најчесто делувале на отворено, но мета им биле и аптеки, бензиски пумпи и казина.

- Најчесто се одземаат, златен наќит, вредни предмети, од деловните објекти вредни предмети кои можат да им служат за препродавање. Меѓутоа, многу често се крадат акомулатори од моторни и товарни возила, делови од градежни машини, па дури и гориво, вели порптпаролката на МВР, Сузана Прањиќ за Сител.

Од МВР велат дека активно работат на расветлување на овие кривични дела. Се надеваат дека ќе успеат да ја достигне ланската статистика, кога расчистени се најмногу случаи со кражби досега. Минатата година полицијата фатила над 2.300 крадци.