Крадци фатени на дело при кражба во поранешен Тутунски комбинат во Куманово

Вчера во 01.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.Р.(42) од Куманово, Т.И.(33) од Виница и двајца малолетници.

Тие биле затекнати во објект во кругот на поранешен Тутунски комбинат Куманово при обид да одземат предмети, информираа од полицијата. 
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.