Козметика со заштитен фактор: Дали е подобро да користите лосион или спреј?

Козметичките производи со заштитен фактор спакувани во спреј на прв поглед изгледаат доста попрактични отколку течните, кои треба да ги намачкаме со раце. Но, дали навистина е така?

Препаратите со заштитен фактор се задолжителни во текот на летото, особено кога сте со часови изложени на сонце. Тие се одлична превенција од изгореници и други оштетувања на кожата, а содржат и многу состојки кои го хранат и длабински хидратираат површинскиот слој. 

Во последниве години сè попопуларни се спрејовите со заштитен фактор, особено поради тоа што ни изгледа дека нанесувањето е многу побрзо, поефикасно, но и дека покриеноста е подобра. Но, ова е далеку од вистината. 

Со испрскувањето од спрејот, голем дел честички од козметичкиот производ завршуваат на површините околу нас, наместо на телото. На самите упатства пишува дека треба да се нанесува од поголема оддалеченост, па ваквите губитоци се очекувани. Но, помислете само и на тоа колку честички вдишувате од испрсканата содржина! Исто така, доколку прочитате повнимателно, на некои производи ќе најдете инструкција да прснете на дланката и да намачкате на телото. Во принцип, доаѓате до истото, но на многу понеекономичен начин.

На пазарот можете да пронајдете многу поквалитетни производи отколку оние кои се продаваат како спреј. Внимателно изберете лосион за сончање кој одговара на типот на вашата кожа.