Козметика, алкохол – ова е листата за она што смеете, а што не смеете да понесете со себе кога патувате со авион

Ако порано при пакувањето за лет со авион се грижевме само да не ставаме остри предмети или течности кои можат да ја оштетат облеката во куферот, денес мораме повеќе да размислуваме пред да тргнеме на пат, бидејќи постојат закони за тоа што смее, а што не смее да се носи во рачниот и чекираниот багаж.

Прочитајте ги овие 8 правила кои морате да ги имате на ум доколку немате искуство со летање.

Без што не можете да тргнете?

Секогаш кога патувате треба со себе да си понесете будилник бидејќи хотелот можеби не нуди услуга за будење, фен за коса со соодветен адаптер (ако летате преку океан), чешел и секако, четка за заби и паста. Доколку патувате како турист, сигурно ќе сакате со себе да понесете фотоапарат, а доколку одите на службено патување, не заборавајте дека ништо нема да сработите доколку ги заборавите полначите за мобилен телефон, лаптоп, таблет...

Што да понесете за вашете бебе?

Секогаш постои веројатност дека ќе поминете неколку часа на аеродром, поради одложувањето на летовите, така што едно од правилата за пакување кое новите родители мораат да го почитуваат, е да спакуваат доволно пелени за бебенцето. Во ранецот кој ќе го качите со вас во авионот, ставете и шишенце млеко, тегличка со храна и медикаментите кои му се неопходни на вашето бебе.

Релаксација за по пат?

Доколку одите на далечна дестинација, летањето со часови сигурно нема да ви биде многу забавно. Мобилниот телефон мора да ви биде исклучен додека сте во авион бидејќи сигналот од мобилната мрежа може да ѝ смета на навигацијата. Но, лаптоп или таблет смеете да понесете, па затоа не заборавајте да ја наполните батеријата пред да патувате и да обезбедите неколку интересни филмови или серии за занимација. Нив најчесто можете да ги користите во текот на летот, но не при полетувањето и слетувањето, односно додека е вклучен знакот за задолжително врзување со појасите. Доколку не сте љубители на електронски уреди, не заборавајте да понесете некоја интересна книга и списание.

Колку храна смеете да носите?

Не знаете каква храна ве очекува вклучена во авионската услуга, па не би било лошо доколку понесете малку со себе во рачниот багаж. Битно е да знаете дека сите течности кои ќе ги внесете со вас во авионот, не смеат да бидат спакувани во шишенца поголеми од 100 мл и нив треба да ги собере во една пластична кеса со средна големина. Ова значи дека не можете со вас да понесете шишенце со вода од пола литар, ниту многу храна. Еден сендвич не би претставувал никаков проблем, но шишенце јогурт е преголемо на пример. Ако имате поголеми шишенца од дозволеното или доколку носите поголема количина храна, обезбедувањето ќе ви ја конфискува. Дури и шишето да ви е пола празно, но е поголемо од 100 мл, пак ќе ви го одземат. Битно е да знаете и дека не треба да носите облека со премногу метални додатоци на неа, бидејќи ќе активирате многу аларми.

А облека и обувки?

 каква ќе биде климата на дестинацијата до која патувате, за да знаете колку дебела облека ќе ви треба за таму. Врз основа на тоа каде планирате да одите, пожелно е да понесете екстра јакничка, а по можност и некој практичен чадор на склопување. Ќе ви биде паметно и да понесете некое парче облека во вашиот рачен багаж, за секој случај. Во однос на типот на обувки, размислете какви активности ве очекуваат на патувањето. Ако планирате да пешачите или планинарите, ќе ви требаат удобни патики, за на топлите места неопходни ви се лесни папучи/сандали, за на снег чизми кои не пропуштаат, а за на службено патување или за вечерно излегување ви треба нешто поелегантно. Во секој случај, гледајте да не понесувате повеќе од два пара чевли за да не го преполните куферот. Најпрактично за пакување е да се водите според правилото „еден пар чевли на себе и уште еден во багаж“.

Што е со козметиката?

Можете дел од вашата козметика да ја понесете во вашиот рачен багаж, но секако, во шишенца со големина од максимум 100 мл. Што се однесува до лекарствата, најдобро ќе биде да ги понесете во нивното оригинално кутиче, бидејќи на тој начин, доколку се разболите, странските доктори ќе можат да проверат кои медикаменти сте ги консумирале.

Дали смеете да носите алкохол?

Забрането е внесување оружје или запаливи течности со вас во авионот. Дезодорансите треба да ви бидат сместени во чекираниот багаж и воопшто не понесувајте абразивни средства за чистење, бидејќи тоа може да ви направи проблеми кај обезбедувањето. Што се однесува до понесувањето алкохол во чекираниот багаж, најверојатно нема да ви прават проблеми ако понесете фабрички затворени алкохолни шишиња, чија вкупна тежина не надминува повеќе од 5 литри и не содржи повеќе од 70% алкохол, бидејќи во тој случај се смета за запалива течност. Спакувајте го во кеса со патент за да ја заштитите облеката ако ви се скрши шишето и пријавете го пред обезбедувањето кога ќе ве праша.