„Кожурец“ вечерва на репертоар во МКЦ

Вечерва, со почеток од 20 часот во МКЦ (сала 25 мај) ќе се изведе театарската претстава „Кожурец“, во продукција на независното здружение АРТОПИЈА.

Настанот ќе бидат организиран согласно протоколот за организирање настани во затворен простор. Бројот на посетители е ограничен, носењето маски е задолжително за време на целиот настан.

Билетите по цена од 300 денари се достани на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.