КОВИД19: Македонија во ТОП 5 земји во Европа со најмногу починати и најмалку спорведени тестови

Со 30 смртни случаи во текот на вчерашниот ден Македонија ја надмина и Франција според смртноста на корона вирусот па сега, земјава се наоѓа во топ5 држави во Европа каде починале најмногу пациенти на 1 милион жители. На врвот е Беглија по што следат Шпанија, Италија и Велика Британија. 

Според статистиките Македонија е на петтото место со 780 смртни случаи на милион жители. Во целиот свет има вкупно 10 држави кои имаат поголема смртност од Македонија. Истовремено, само 5 земји во Европа имаат направено помалку тестови од Македонија. Бугарија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Албанија тестирале помалку луѓе на милион жители од Македонија со што земјава е 42 место од вкупно 47 држави во Европа за кои Ворлдометер собира податоци.  

Во таа насока и вчера се спроведени само 2864 тестирања од кои само 1700 во јавното здравство. Сите заедно дадоа 1160 позитивни резултати што пресметано во бројки значи дека 4 на секои 10 тестирани граѓани биле позитивни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58 608, бројката на така наречени оздравени пациенти е 36 064, на починати е 1 630, а бројот на активни случаи изнесува 20 914.