Ковид пандемијата го зголеми семејното насилство

Ковид пандемијата придонесе за зголемување на семејното насилство. Според Бети Пеева, од граѓанската организација , која се занимава со оваа проблематика, тоа беше и за очекување затоа што порасна бројот на психичките заболувања, а според анализите, состојбата допрва ќе се влошува.

-Оние кои биле насилни, сега ќе станат уште понасилни, а дури и ќе се случи, некој што воопшто претходно немале такви проблеми, да почнат да стануваат насилни- изјави за Сител Бети Пеева, НВО „ЕХО“- Штип. 

Една од главните причини за зголемување на насилството е економскиот фактор, односно голем број на луѓе останаа без работа. Конкретно во Штип, засега успешно се менаџира ситуацијата, благодарение на воспоставениот систем кој го чинат мулти секторски тимови.

-Иако имавме зголемен обем на работа и моравме во живо да работиме со жртвите, зашто не се работи он лајн, координацијата многу помогна да навреме ги разрешиме овие случаи. Се надевам дека и во другите општини ќе започне да се применува таков модел, но за сега тоа зависи колку се заинтересирани тоа да им го пренесеме како знаење и колку сакаат да функционира - додаде Пеева.

Пандемијата го одложи донесувањето на многу важни Закони за заштита на жените од семејно и друг вид на насилство. Бројот на пријавени случаи во 2020 година во Штип бил зголемен за близу 40%.  Во главно пријавувале жени, а само еден маж пријавил насилство, но не од жена, туку од друг маж.