Ковид-19 се шири низ градинките

Два нови случаи на заразени вработени во градинки. Нов случај е регистриран во градинка во Кочани каде коронавирусот е потврден кај психолог во установата, јавува Сител.

Ковид-19 е потврден и кај негувателка во кумановска градинка.

Сител јавува дека информациите се потврдени и од Министерството за труд и социјална политика од каде велат дека и во двете установи постапиле согласно насоките од Центрите за јавно здравје.  Во изолација се испратени контактите на двете заразени.

Во изминатите денови откако градинките почнаа со работа на 9 септември потвдени беа случаи со Ковид-19 кај вработени во повеќе градинки ширум земјата. Но, заразени се и деца кои ги посетуваат детските установи.

Три случаи беа потврдени во струмичка градинка каде децата се заразиле меѓу себе, а едно дете со позитивен тест на корона има и во скопска градинка во групата јасли.