Ковид-19 ги демне и децата, родителите не смеат да лекуваат на своја рака

Во соседна Србија нагло порасна бројот на деца заразени со коронавирусот, кои покажуваат тешки симптоми на ковид-19. 

Илустративно, во текот на летото имало 3-5 заразени деца неделно, а сега има и до 20 дневно, на различни возрасти. Д-р Марија Голубовиќ, од здравствениот дом Савски венец, вели дека прегледуваат и 70-80 деца дневно кои се заразени со коронавирус. 

Симптомите се слични како и кај возрасните, а може да личат и на настинка - покачена температура, кашлање, кивање, главоболка, мускулна слабост...

Најголемата грешка која родителите ја прават е лекувањето дома, намалување на температура со парацетамол и бруфен, но и со облоги. Во време кога е пандемија, дури и да личи на обична настинка, мора да го однесете детето на педијатар за да се избегнат натамошни компликации.