
Откако синоќа беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи во објава на Фејсбук. Во објавата тој рече дека одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна.
„Дадената доверба што ми ја укажа претседателот Мицкоски е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за поддршката, за вербата и за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност, чесна борба и посветена работа“, истакна Ковачки.
Воедно тој упати благодарност до досегашниот генерален секретар Ѓорѓија Сајкоски, за кого оцени дека несебично и целосно бил посветен на организацијата.
„Продолжуваме обединети, со срце и со јасна цел во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и иднина каква што ја заслужува Македонија“, порача новиот ген-сек на ВМРО-ДПМНЕ.