Ковачевски: Корупцијата е закана за функционирањетo на системот

Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата испрати јасна порака преку неговиот профил на Фејсбук.

-Корупцијата е закана за функционирањетo на системот, владеењето на правото, за буџетот, за економскиот развој, за животниот стандард на граѓаните. Сите чинители подеднакво во рамките на своите ингеренции треба да дадат свој придонес во решавањето на ова крупно прашање, вели Ковачевски.

Ковачевски додава дека сите мора да вложат напори за да се реши проблемот со корупцијата.

- Единствениот пристап и посветеноста е клучна, Владата има политичка волја да обезбеди почитување на правото и одговорно справување со криминалот и корупцијата преку унапредување и почитување на воспоставените механизми како што се независен буџет, изработка на законски решенија усогласени со ЕУ и неселективна борба против корупцијата. Како земја која ги има отпочнато преговорите со ЕУ, сите ние мора да ги удвоиме напорите и да се посветиме на решавањето на проблемот со корупција, бидејќи никој не смее да биде над законот, а граѓаните заслужуваат да живеаат во демократско општество со европски вредности и функционирање, додава Ковачевски во неговиот статус.