Премиерот на Република Македонија, Димитар Ковачевски на прес-конференцијата во Охрид кажа дека дијалогот е единствената алатка за консолидација на односите меѓу Србија и Косово, но и целиот регион.
Ковачевски имаше средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
- Сите правиме тешки, но државнички одлуки. Не е лесно, но дијалог значи и отстапки, а тоа е за подобра иднина на следните генерации, вели премиерот.
Ковачевски кажа дека верува во отворениот дијалог како единствено неопходно и цивилизирано решение во 21 век во демократскиот свет.
- Дијалогот е единствена форма која овозможува сигурно чекорење по европскиот пат и за Косово и Србија, но и за сите земји од регионот. Со поддршка од нашите пријатели од ЕУ, храбро и државнички сите заедно градиме економски развиен регион, по европски стандарди и со европски вредности. Доброто за соседите е и наше добро, кажа Ковачевски.