Котевски останува директор на Шутка до изборите

На 123-тата седница Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Царинската тарифа  и донесе одлука да го достави до Собранието.

Меѓу нив и одлуката за Котевски. Владата на оваа своја седница го констатираше поднесувањето на оставката од страна на директорот на Истражниот затвор во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски.

Со оглед на тоа што оставката е поднесена во период откако се објавени претседателските избори, истата ќе се разгледува  после завршување на изборите, штом заврши забраната за разрешување и именување согласно Изборниот законик.