Костовски: Згрешив што ја поддржав Арсовска, која сега се пресметува со мене

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски во интервју за „Макфакс“ кажа дека згрешил што ѝ дал поддршка на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Костовски вели дека Арсовска почнала да се пресметува со него, откако ја загубила поддршката, па сега почнала да реализира проекти кои не се приоритет на граѓаните.

Градоначалникот Костовски вели дека во моментов се зборува за улица за која многумина не знаат ниту каде се наоѓа. Тој вели дека може да се помести трасата на улицата „Боца Иванова“ за која се планира булеварско решение, а за која Град Скопје најави почеток на изградба.

- Ниту ГУП, ниту ДУП не се библија и може да се променат. ГУП-от е Устав, но не е библија. Уставот се менува некогаш, ако е потребно, вели Костовски во интервју за „Макфакс“.