Костовски: Започна проширувањето на улицата 7 позната како „Коритница“

Се работи на проширување на една улица во Бутел. За активностите, преку Фејсбук, извести и градоначалникот на општината.

Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:

Започна со кастрење, проширување и уредување на улица 7 или позната како “Коритница”.

Во должина од 2км од двете коловозни ленти се започна со чистење, кастрење и проширување на патот. Исто така закрепени се сите ударни дупки долж цела улица 7.

Овој пат кој води до Љубанци не е исчистен повеќе од 10 години и претсавуваше опасносност за жителите кои транзитираат во овој предел на општината.

Во соработка со ЈП Комунална хигиена изврешено е темелно миење на улицата.