
Градоначалникот на Бутел Дарко Костовски вечерва, среда, ќе даде отчет за сработеното во општината во изминатиот мандат.
Отчетот е со почеток во 18:00 часот, во СРЦ “Македонија” (Олимпија).
- Ве поканувам да бидете дел од настанот на кој ќе презентираме се што сработевме изминатите 4 години и ќе ги промовираме кандидатите за советници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно да ја продолжуваме победничката приказна за урбана, модерна и безбедна општина Бутел! - се наведува во поканата од Костовски до жителите на Бутел.