Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски со отчет за сработеното во изминатите три години.
Тој упати благодарност до граѓаните на општината кои во изминативе 3 години, како што рече, несебично и безрезервно го поддржуват секојдневно. Упати благодарност за секоја идеја, за секој искрен и чесен пристап, но и за секоја критика.
- Изразувам посебна благодарност до претседателот на ВМРО - ДПМНЕ професор Христијан Мицкоски кој несебечно овие три години ми дава поддршка. Предизвиците се големи, но ќе истраеме се додека не успееме! Нашите проекти се големи, а нашите цели достижни. Ќе градиме и создаваме уште повеќе, порача Костовски на отчетот.
- Овие три години се години на ренесанса, години во кои се реализираа рекорден број на капитални проекти и години на најголем развој на општина Бутел. Изминаа 3 години на кои сум особено горд, 3 годни во кои јас и мојот тим неуморно работевме за модерна, просперитетна и напредна Општина Бутел. Овие три години ги одбележуваме со рекордни 80 000 000 денари вложени во образованието. Инвестиравме и 12 000 000 денари во детските градинки. Општина Бутел три години, го држи приматот на најспортска општина во Република Македонија. Инвестиравме рекордни 75 000 000 денари во спортот и спортската инфраструктура. Изградени се 3 нови спортско - рекреативни центри. За 3 години успеавме да асфалтираме 100 нови улици! - сподели градоначалникот.
- Нова детска градинка во Бутел 1, инвестиција во вредност од 35.000.000 денари. А започна со изградба и новата детска градинка во Бутел 2 во вредност од 100.000.000 денари. Училиште во Визбегово кое е во вредност од 106.000.000 денари е веќе завршено. Општина Бутел за првпат доби и плоштад на површина од 500 метри квадратни и парк на 2000 метри квадратни. Изградени се детски игралишта во сите населени места, сподлеува првиот човек на општината и вети:
- Новата 2025 година ја започнуваме со големи капитални инвестиции. Нова модерна поликлиника, нов мега парк, нова водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен, нови спортско-рекреативни центри, реконструкција на нови клучни улици и многу други проекти кои ги ветивме пред нашите граѓани, заврши Костовски.