Костовски се сретна со младите пливачи Влатко и Петар и им вети помош

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, денеска се сретна со младите спортски надежи, Петар и Влатко Цекови, кои ќе добијат младинска спортска стипендија од општината, и помош за некои поголеми натпреварувања. 

Браќата Петар и Влатко Цекови од Општина Бутел се голема надеж на македонското пливање 

Петар на 13 години оваа година станал сениорски првак во дисциплината 1500 метри слободно, додека исто така е шампион и во неколку други категории.  Влатко во пионери е државен првак во 50 и 100 метри слободно, 50, 100 и 200 слободно, а и двајцата имаат значителни меѓународни резултати.

-Посакувам еден ден да ни донесат олимписки медали.Општина Бутел е врвен расадник на нови спортски таленти, најспортската општина во Македонија нема потреба да се грижи повторување на врвните спортски резултати и во иднина, порача Костовски по средбата со нив.