Костовски: После 30 години ветување, Серава доби речно корито во должина од 1.800 метри, трим патека и нова урбана опрема

Денес е еден од најубавите денови, ден за еден од најголемите проекти кои што се реализираа во Општина Бутел! Проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел станува реалност и во целост завршен, сподели денеска градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

„Го реализиравме едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел! Изградивме речно корито во должина од 1800 метри, трим патека и нова урбана опрема. Се направи и парк на површина од 5.000 метри квадратни со што целиот простор е оплеменет со зеленило“, истакна Костовски во неговата објава на Фејсбук.

Тој посочи дека вложиле 65 милиони денари во уредувањето на речното корито и изградбата на трим патеката.

„Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на овој кеј“, додаде Костовски.