Костовски од Љуботен: Решен деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Бутел

Градоначалникот на општината Бутел, Дарко Костовски денеска беше присутен на завршувањето на асфалтирањето на улица во селото Љуботен.

-Трудот, посветеноста, работата и држењето до дадениот збор не разликуваат од политичките противници, напиша Костовски на неговиот профил на Фејсбук.

Костовски посочи дека со ова бил решен децениски проблем и нема повеќе заборавени граѓани во општина Бутел.