Општина Бутел ја започна изградбата на трим-патеката покрај коритото на река Серава. Од локалната самоуправа информираат дека станува збор за најголемиот капитален проект во општина Бутел – изградба на речно корито и трим-патека покрај реката Серава кој граѓаните го чекале повеќе од 40 години.
- Ќе се изгради и парк на површина од 5000 метри квадратни со што целиот простор ќе биде оплеменет со зеленило. Во првата фаза се уредува речното корито на река Серава во должина од 1500 метри, а со втората фаза уште дополнителни 300 метри во населеното место Радишани. Со ова заокружуваме 1800 метри уредено со камен речно корито. Вложуваме 65 милиони денари во уредување на речното корито и изградба на трим патека. Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно ќе спортуваме и ќе рекреираме на овој кеј, порача градоначалникот Костовски и сподели фотографии како ќе изгледа овој проект.