Костовски: Нова ограда и реновирање на дел од училниците во ООУ „Св. Климент Охридски“

Градоначалникот на Општина Бутел соопшти дека е поставена нова ограда и дека е извршена целосна реновација на дел од училниците во ООУ „Св. Климент Охридски“.

За тие активности, тој потенцираше дека биле инвестирани 2.500.000 денари. 

-Се реконструираа 250 метри од оградата на општинското основно училиште.Со поддршка на УСАИД И МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование се реализира целиот овој проект за реконструкција на оградата. Проблемот со разрушената и пропадната ограда замина во историја, а учениците добија подобри и безбедни услови. ООУ “Св. Климент Охридски” доби и целосно реновирани неколку училници кои беа во исклучително лоша состојба. Нов под, нова електрична инсталација, нова изолација, нови врати, како и целосно варосување добија овие училниците. - напиша Костовски.

Тој додаде дека покрај училниците, се реновирале и соблекувалните и помошните простории во спортската училишна сала.

„Континуирано продолжуваме со инвестирање во образованието и инфрастуктурата“, напиша Костовски на својата официјална Фејсбук страница.