Костовски: Наставата во основните училишта во Бутел ќе се одвива со физичко присуство

И градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, го сподели ставот за темата поврзана со затворањето на училиштата и воведување онлајн настава заради енергетската криза. 

Тој истакна дека и во основните училишта во Бутел, наставата ќе се одвива со физичко присуство. Со тоа се приклучи на ставовите на градоначалниците на Аеродром, Тимчо Муцунски и на Гази Баба, Бобан Стефковски. 

-Најнапред да потенцирам и покрај големите опструкции од централната власт и проблемите со кој се соочуваме настава со физичко присуство ќе има. И покрај немањето слух од страна на централната васт, и покрај намалените дотации и трансфери во време на криза, Општина Бутел останува на ставот дека повторно затварање на училиштата ќе бидат само и само на штета на учениците. Вложивме над 20.000.000 денари во инфраструктурни проекти во основните училишта. Во изминатиот период ги доведовме трошоците на општинските основни училишта на 0, воведовме нови рестриктивни мерки. Општина Бутел и во иднина ќе превзема мерки со кои полесно ќе се надмине кризата. Непречено одвивање на наставата со физичко присуство е наша главна определба, а иднината на нашите деца останува наш врвен приоритет. - напиша Костовски на својата официјална Фејсбук страница.