Костовски, Мицкоски и Јаневска присуствуваа на првиот училишен час во ООУ „Ацо Шопов” во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски сподели дека денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска го означиле почетокот на првиот училишен час од новата учебна година во ООУ „Ацо Шопов”.

„Многу насмевки, радост и нови другарувања за нашите првачиња. ООУ „Ацо Шопов” е вистинско градилиште. За неколку дена од сега ќе биде готова новата надградба на училиштето, децениско барање на жителите на Радишани. А паралелно се гради и новиот затворен пливачки базен“, истакна Костовски.

Тој посочи дека и оваа година Општина Бутел за сите првачиња обезбедила ранец со потребниот училишен прибор и училишни униформи.

„На сите ученици им посакувам успешна учебна година. Многу нови знаења, другарување, взаемно почитување и радосни мигови“, порача градоначалникот.