Костовски: Го вративме спортскиот дух во сите населени места

Синоќа заврши Меморијалниот турнир во чест на загинатите бранители во Љубанци. 

Фудбалските екипи ги играа натпреварите на новото фудбалско игралиште со вештачка трева. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски синоќа објави фотографии на својата официјална Фејсбук страница, од затворањето на турнирот. Истакна дека се играл одличен фудбал со рекорден број на екипи и рекордна посветеност. Ги наведе и освојувачите на првите награди.

-Честитки за победниците Кај Џек кои се овогодишни освојувачи на меморијалниот турнир.Честитки и за екипата Манто 2013 која беше достоен противник и го освои второто место.Екипата на Гран Слот заврши на третото место. Општина Бутел како генерален покровител обезбеди награден фонд од 400.000 денари, во иднина ќе ја продолжиме оваа традиција и ќе бидеме главни поддржувачи на вакви спортски манифестации. Го вративме спортскиот дух во сите населени места.- напиша Костовски.