Костовски: Доделивме 4 милиони денари на спортските клубови во Бутел

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски информираше дека денеска биле доделени 4 милиони денари финансиска помош на спортските клубови од општината.

„Помагаме на спортот и спортските клубови како никогаш до сега. Се надевам дека и оваа финансиска помош, исто како и минатите години, ќе помогне на клубовите и ќе стимулира нови државни, балкански, европски и олимписки шампиони“, истакна Костовски.

Тој нагласи дека спортот е клучен фактор за развивање на поквалитетно и поздраво општество, додека пак врвните спортски резултати како ништо друго помагаат во градење на нацијата и државата.

„Општина Бутел е најспортска општина во Македонија, а веќе сме и лидери во спортската инфраструктура. Јас како градоначалник и Општина Бутел ќе бидеме цврст партнер на сите спортисти и спортски клубови од нашата општина! Честитки за сите спортски клубови и им посакувам успешна работа“, порача градоначалникот.