Костовски: Да се биде учител е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија

Во основното училиште „Св. Климент Охридски“, во Општина Бутел, се одбележа светскиот ден на учителите. 

Присутен на одбележувањето беше и градоначалникот на Општината, Дарко Костовски, кој воедно и самиот бил ученик во тоа училиште. 

-Да се биде учител, наставник, професор е најблагородната, најубавата, но и најодговорната професија што подразбира огромна посветеност не само кон младите туку и кон оној на кој му се потребни знаења за полесно да ги надмине предизвиците. Ми беше чест што имав можност да се сретнам и со дел од мои учители кои сега се во пензија.

Професијата наставник е благородна професија што ги обликува карактерот и иднината на една личност - напиша Костовски на официјалната Фејсбук страница.