Костовски: Бутел без згради - треба да се задржи маалскиот живот

Општината во минатата година донесено план за заштита и спасување каде што како приоритет е влезена и реката Серава, изјави за Утрински брифинг Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел.

-Суштината што прво се почна со чистење на Серава е да не дојде до одредена поплава, а освен тоа мора да се работи на разубавување на потегот затоа што станува збор за џунгла. Но, од вчера веќе се гледа разлика.

-Еден дел од мојата кампања се базираше дека во Бутел не треба има згради. Сметам дека треба да се задржи тој маалски живот, додаде Костовски.