Костовски: 5170 ученици добија училишни униформи

Општина Бутел на секој ученик од прво до девето одделение му обезбеди комплет униформа, оваа вест јас сподели градоначалникот Дарко Костовски на социјалните мрежи. Тој додава дека ова е мерка со која директно им се помага на родителите.

„Од оваа учебна година 2024/2025 година, за сите наши ученици обезбедивме униформи, изработени од памучни материјали и висококвалитетни бои, кои ќе можат да се носат во текот на целата учебна година.  Секоја наредна учебна година, Општина Бутел на новите учениците ќе им овозможува бесплатни униформи, затоа што учениците заслужуваат еднаков третман и чувство на припадност во образовните институции“, напиша Костовски.