Деновиве се очекува да почне доградба и реконструкција на дел од улиците „Коста Новаковиќ“ и „Ангел Димовски“ во Стар Аеродром, кои ќе се поврзат со кружен тек.
Проектот опфаќа асфалтирање на вкупна површина од 3.500 квадратни метри и тротоари со широчина од по два метри, велосипедска патека, нова линија за јавно осветлување и атмосферска канализација.
Реконструкцијата на постојната инфраструктура и изградбата на нова инфраструктура ќе го задоволи неопходниот капацитет за новите станбени објекти во овој дел од Општината, а со завршување на уште 5 претходно почнати улици во Стар Аеродром целосно ќе се заокружи изградбата на инфраструктура во оваа населба.