Министерот за здравство Фатмир Меџити донесе одлука за регулирање на цените на здравствените услуги во Македонија, како за македонските државјани, така и за граѓаните од Косово и Албанија.
Меџити посочи дека целта е граѓаните на овие земји да плаќаат исто колку и македонските државјани.
-Косовските граѓани плаќаат двојни цени во јавното здравство. Дадовме наредба ова да се израмни и да има исти цени и за граѓаните кои доаѓаат од Косово. Исто така, преземав мерки и за граѓаните од Албанија да плаќаат исти цени како македонските државјани, вели Меџити, а пренесува „ТВ21“.