Косовец уапсен на „Долно Блаце“

35-годишен Косовец уапсен на „Долно Блаце“. 

На 30.05.2023 во 13.20 часот на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го лишиле од слобода М.Б.(35) од Косово затоа што при извршена проверка било констатирано дека евидирал во оперативната евиденција со мерка „апси“ по телеграма од СВР Скопје, соопшти полицијата. 

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.