Косовец со туѓ пасош сакал да мине на Аеродром

Косовец сакал со туѓ пасош да мине на Аеродромот во Скопје. 

На 02.09.2022 во 12,30 часот на Граничен премин „Meѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници е приведен М.С.(39) од Р.Косово затоа што на пасошка контрола истиот приложил патна исправа на име М.Р.(32) од Р.Албанија при што било констатирано дека истиот се служи со туѓа патна исправа, а при извршениот преглед кај него била пронајдена неговата косовска патна исправа, соопштиј полицијата. 

Лицето е предадено на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција за понатамошна постапка.