Косовец со „тојота“ прегази скопјанец

Косовец со „тојота“ прегази скопјанец. 

На 12.09.2022 во 12:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Рајко Жинзифов“ со ул.„Владимир Полежиновски“ во Скопје, патничко моторно возило „тојота аурис“ со косовски национални ознаки, управувано од Г.К.(30) од Косово, удрило во В.Н.(65) од Скопје, соопшти полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Н. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.