Косовец приведен во Македонија, фалсификувал шенген виза

Министерството за внатрешни работи информира дека, вчера во 12.00 часот на влез во Р.С.Македонија, на Граничниот премин Meѓународен аеродром Скопје, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција на А.Б.(40) од Косово, било констатирано дека од граничните шведски власти му бил одбиен влезот и бил вратен назад во Р.С.Македонија, поради  тоа што користел фалсификувана норвешка шенген виза за влез во ЕУ.

Тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, стои во полицискиот билтен.