
Лишен од слобода косовски државјанин кој на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација на непостоечка меѓународна полициска организација.
Како што информираа од МВР, на 02.10.2025 во 14:45 часот на Граничен премин Богородица, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода З.К.(54) од Косово.
При гранични проверки и контрола, тој изјавил дека не ја носи возачката дозвола и се легитимирал со полициска легитимација на меѓубнародна полициска организација за која по извршени проверки е констатирано дека не постои, односно дека легитимацијата е фалсификувана.
Лицето е задржано во полициска станица, со него е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.