Кошаркарите заминаа за Плоешти, ден за подготовка пред дуелот со Романија

Македонската кошаркарска репрезентација отпатува за Плоешти. Ослабена по откажувањето на Костоски и по повредата на Трајковски, нашата селекција го очекува последниот предизвик во претквалификациите за пласман на ЕП.

Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков во неколку наврати потсети дека подготовките не минаа според планот. Хендрикс без ниту една минута тренинг ќе и му се приклучи на тимот утре во Романија а тогаш ќе пристигне и селекторот.

Центарската позиција и плејмејкерската се најпроблематични за нашиот тим. Македонија без поголем притисок ќе влезе во дуелот со Романија. Смее да си дозволи пораз но не поголем од 14 поени разлика. Натпреварот Романија – Македонија е закажан за попладневниот термин од 17 часот.