Кошаркарите на ООУ „Владо Тасевски“ апсолутни победници во кошаркарската училишна лига во Карпош

Успех за кошаркарите на ООУ „Владо Тасевски“, од Општина Карпош. 

По натпреварувањата во првиот дел од есенска сезона на кошаркарската училишна лига во Карпош во која учествуваа десет тимови од сите основни училишта од подрачјето на локалната самоуправа, кошаркарите на ООУ „Владо Тасевски“ завршија на врвот од табелата како апсолутни победници, информираат од Општината. 

-Во вкупно седум одиграни натпревари, тие извојуваа шест победи и со тоа заслужено го освоија првото место во есенскиот дел од училишната фудбалска лига на Карпош за 2022/2023 година. Со вкупно постигнати 142 голови во досегашниот дел од сезоната, моментално најдобар стрелец е Жарко Терзиевски од ООУ „Владо Тасевски“ - се вели во соопштението на Општина Карпош.