Кошаркар почина на тренинг во Охрид

Смртен случај се случи во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид каде почина 26-годишен кошаркар од САД кој допатувал во Македонија како засилување за второлигашот АВ Охрид. За жал, синоќа околу 22 часот во текот на првиот тренинг во новата средина за момчето, тоа починало. 

На помош веднаш пристигнала екипа на итната медицинска помош, но, за жал, не успеала да го спаси несреќното момче.

Портпаролот на СВР-Охрид, Стефан Димоски, информира дека на телото на починатиот не се пронајдени траги на насилство, а причините за смртта ќе бидат познати по извршената обдукција.