Косана Мазнева: Тешко е да се менаџира со Арсовска, со нејзе никогаш не сте на чисто

Поранешната директорка на ЈП Комунална хигиена - Скопје во претрес со Ландов вели дека е многу тешко да се работи со Данела Аросовска поради нејзиниот карактер

„Таа е тип на карактер кој сега сте едни, па после пола саат сте други па после 15 часа се претварате во нешто друго. Едноставно немате ветер во грб и се чуствувате нестабилно и несигурно. Кога ќе видите со кого си имате работа си викате оп, стоп сега, и се свртев кон себе и кон претпријатието“, кажа Мазнева

Мазнева вели дека менаџирала со Данела Арсовска година ипол и посочи дека немала комуникација со неа.

„За се си постои граница во животот. Едниот се труди да балансира во интерес на претпријатието да ги бркам работите додека другиот можеби имала некоја личност над главата која што ја менаџирало. Ние во принцип никогаш и не сме биле блиски“, потенцираше Мазнева